Три коалиции се регистрирани денеска во Бугарија за парламентарните избори

Жена поминува покрај изборни плакати на БСП во Софија, Бугарија / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Коалицијата на поранешниот народен правобранител на Бугарија Маја Манолова „Исправи се! Мафијата надвор!”, на патриотските партии, кои се договорија за заедничко учество „Бугарски патриоти” и „Левиот сојуз за чиста и света република” на поранешниот бугарски премиер Жан Виденов (1995-1997) се регистрирани денеска во Централната изборна комисија за учество на предвремените парламентарни избори на 11 јули, јави дописникот на МИА од Софија.

Од „Исправи се! Мафијата надвор!” изјавија дека влегуваат во предизборниот натпревар со амбиција за уште поголема група во идното Народно Собранието на Бугарија. „Ќе влеземе во парламентот со своите пратеници и ќе ги продолжиме темите што ги поставивме – демонтирање на мафијашкиот модел”, рече Маја Манолова.

Претставниците на трите патриотски формации – ВМРО, НФСБ и Волја, од коалицијата „Бугарски патриоти”, објаснија дека амбицијата со која одат на избори е да имаат многу сериозно присуство во следниот парламент. „Лидерите ќе учествуваат во кампањата, нема да бидат на листите со пратеници. Веруваме дека нашето присуство гарантира стабилност, додаде Борис Јачев.

Документи за регистрација во ЦИК беа доставени и од „Левиот сојуз за чиста и света република”, чиј дел е поранешниот бугарски премиер Жан Виденов, за чие време во 1996-97 година земјата доживеа хиперинфлација и девалвација на бугарскиот лев

Бугарската социјалистичка партија на Корнелија Нинова сè уште не се согласи за широка левичарска коалиција. Пријавувањето на партиите и коалициите за предвремените парламентарни избори во Бугарија трае до 27 мај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот