Три генерации сликари од семејството Ташковски ќе бидат претставени на изложба во МАНУ

Колаж со дела од три генерации Ташковски

Ликовната изложба на трите генерации уметници Ристо Ристовски, Васко Ташковски и Лара Ташковска ќе биде отворена на 11 април, во 19 часот, во галеријата на МАНУ.

Ристо Ристовски е роден во 1912 година во с. Нижополе, Битола. До јули 1928 година се занимавал со земјоделие, а од август истата година учи шеќерџиски занает во Скопје во бонбонџиската работилница „Европа“.

Со сликарство активно почнува да се занимава од септември 1976 до јуни 1982 година. Во тој период насликал 314 слики во техника темпера. Самостојни изложби имал во Скопје (2024, 1986), Охрид (2024), Светозарево (1987) и Битола (1989). Учествувал на групни изложби во Кавадарци, Гевгелија, Куманово, Скопје.

Васко Ташковски, син на Ристо Ристовски, е роден во 1937 година во с. Нижополе, Битола. Дипломира на Академијата за применета уметност во Белград во 1964 година. Покрај сликањето во маслена техника, работи и акварел, цртежи и графика. Има реализирано 52 самостојни изложби, а учествувал и на повеќе групни изложби во земјата и во странство. Добитник е на 18 награди и признанија.

Лара Ташковска е трета генерација сликари после нејзиниот дедо Ристо Ристовски и нејзиниот татко, академик Васко Ташковски. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности – Скопје на отсекот сликарство.

Лара е македонска современа ликовна уметница која работи во техниките масло, акрил и акварел. Таа поседува приватно училиште за ликовни уметности – Ателје за цртање и сликање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот