Фото: МИА / илустрација

Тревога во Варшава: Државниот врв заседава откако ракети убија двајца луѓе во полско село

Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки итно го свика Комитетот на Министерскиот совет за прашања на националната безбедност и одбраната, изјави владиниот портпарол Пјотр Мулер.

Состанокот е свикан откако врз полското село Пжеводов на границата со Украина вечерва паднаа две ракети, за кои висок претставник на американското разузнавање наведе дека се руски. Според првичните информации, ракетите паднале на фарма во селото, каде двајца луѓе загинале.

„Ве молиме не објавувајте непотврдени информации, за ова ќе разговараме по средбата, рече Мулер.

На средбата со министерот за внатрешни работи и администрација Мариуш Камински, министерот за надворешни работи Збигњев Рау, министерот за правда Збигњев Зиобро, а присуствува и претседателот на државата, Анджеј Дуда.

Засега не е утврдено што точно ја предизвикало експлозијата, како и дали таа е резултат на паднати руски ракети.

По извештајот на агенцијата АП, во кој неименуван висок американски претставник рече дека експлозијата е предизвикана од руски ракети, од Пентагон изјавија дека во моментов немаат информации за да го потврдат тоа, но дека „сериозно ги разгледуваат“ извештаите.

ВИДЕО: Руски ракети паднаа во Полска, има загинати – НАТО на готовс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот