Фото: Принтскрин/Јутјуб

Трето дете од петтата сопруга: Николас Кејџ го откри необичното име за бебето кое го очекува со 31 година помладата сопруга

Парот е во брак од 2021 година, а оваа година ќе го дочека своето прво дете…

Холивудската ѕвезда Николас Кејџ гостуваше во емисијата „Kelly Clarkson Show“ каде го откри името на детето кое го очекува со својата петта сопруга, 27-годишната Рико Шибата.


Актерот го очекува своето трето дете кое откри дека ќе биде девојче, а за идејата за името кое ќе го добие таа тој сподели интересна приказна. Кејџ во шоуто раскажа анегдота за плочите што ги слушал со својот брат како дете. Зборувајќи за албумот на Битлси од 1970 година, „Let It Be“, а особено песната „Across the Universe“, која татко му кој едно време бил диџеј често ја пуштал, актерот раскажа дека таа песна имала толку големо влијание врз неговата кариера до тој степен што тој сè уште ја смета за најубава песна денес и на сите времиња. Кејџ со возбуда тогаш изјави:

„Инаку, сакам да споделам со вас една одлична вест. Ќе имам девојче. А нејзиното име, токму поради „Across the Universe“ ќе се вика Ленон – Ленон Оги, во чест на татко ми ( Август Копола) Можам да ја наречам Лени. Многу сум возбуден“, продолжи Кејџ, додавајќи дека тоа ќе биде најголемата авантура во неговиот живот.

Ленон Оги ќе биде првата ќерка на Николас Кејџ: актерот во минатото има уште две деца, и двете машки, Вестон Копола Кејџ, кој сега има 32 години и кој е роден од врската со актерката Кристина Фултон и Кал-Ел (17), кого ѕвездата го доби од третата сопруга Алис Ким. Николас Кејџ е и дедо, од најстариот син Вестон има две внучиња, родени во 2014 и 2016 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот