Трет ден на жалост во Србија, денеска погреб на тројца настрадани

Оддавање почит на загинатите во основното училиште во Белград/ Фото: Andrej ISAKOVIC / AFP / Profimedia

Во Србија денеска е трет ден на жалост поради трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград и масовното убиство во селата околу Смедерево и Младеновац.

Граѓаните ширум Србија им оддаваат почит на жртвите од двете масовни престрелки. Во Дубона денеска ќе бидат погребани три жртви.

На белградските гробишта вчера беа погребани четворица ученици и работникот од обезбедувањето во училиштето во Врачар. Во Мало Орашје беа погребани пет млади луѓе.

Министерката за здравство Даница Грујичиќ за РТС изјави дека девојчето кое било примено по пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“ се уште е во критична состојба и витално загрозено, како и две девојки во масовното пукање кај Младеновац и Смедерево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот