EPA-EFE/ALI HAIDER

Тренерот ја малтретирал Рибакина и зборувал дека е „глупава“ и дека без него таа „би берела компири во Русија“

ВТА го суспендира Хрватот Стефано Вуков на една година поради кршење на кодексот на однесување

Скандалот со суспендираниот тренер на тенисерката Елена Рибакина (25), Стефано Вуков, доби поголеми размери во јавноста откако влијателниот медиум „Атлетик“ објави детали од малтретирањето што Хрватот го вршел врз спортистката која е Русинка, а игра под знамето на Казахстан.

Инспекторите на женската тениска организација ВТА, наводно, заклучиле дека Вуков ја расплакувал Рибакина, подложувајќи ја на психичко малтретирање и тормозејќи ја на тренинзите над нејзините физички граници, поради што тенисерката се разболела.

EPA-EFE/JAMES ROSS

Хрватот, наводно, ја навредувал Рибакина нарекувајќи ја „глупава“ велејќи и дека без него „сè уште би била во Русија и би берела компири“.

Отпуштен од тенисерката во август, Стефано Вуков, наводно, ја малтретирал во текот на следните недели преку бројни СМС пораки.

Извршниот директор на ВТА, Порша Арчер, ја опишала ситуацијата како „токсична врска“, имајќи и докази за романтична врска и заедничка соба во Мелбурн.

Рибакина моментно е на седмото место на светската ранг листа на ВТА.

Рибакина соработуваше со Вуков уште од најмала возраст. Тој и помогна да освои осум титули во нејзината кариера, најголемата меѓу нив, титулата на Вимблдон во 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот