Фото:Слободен печат

Треба ли да се вратат децата на училиште кога има премногу заболени од грип и што ќе донесе мандатот на Трамп? Утре во „Слободен печат“

Оваа сезона имаме рекорден број на вакцинирани граѓани од ризичната група, а болниците и амбулантите се преполни. На што се должи зголемениот број на болни за краток период и дали оваа слика се разликува од претходните години? Дали е паметно децата да се вратат на училиште? Го достигнавме ли пикот на сезонскиот грип? Одговори на овие прашања во утринската емисија „Слободен печат“ бараме од д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Со Дејан Азески историчар и новинар зборуваме за тоа што ќе донесе новиот мандат на Трамп во светот, Европа, Балканот, но и во Македонија.

Стефан Николовски е млад, амбициозен и талентиран актер од Велес, кој публиката го запозна преку оригиналните имитации на нашите политичари. Се занимава и со стендап-комедија, а особено е популарен и на социјалните мрежи каде редовно споделува комични видео-клипови.

Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот