Трамп твитна: Запрете го пребројувањето на гласови во Џорџија

Фото: EPA-EFE/Chris Kleponis / POOL

Претседателот на САД, Доналд Трамп ги повика властите во Џорџија да запрат со рачното пребројување на гласачките ливчиња. Според првичните резултати, во Џорџија води Џо Бајден со разлика од 14.000 гласови. Одлуката за пребројување на гласовите претходно ја донесе државниот секретар на државата.

– Рачното пребројување во Џорџија е губење на време. Тие не ги покажуваат потписите што се совпаѓаат. Запрете го пребројувањето додека не го дозволат совпаѓањето. Не дозволувајте радикалните леви демократи да ги украдат изборите, напиша Трамп на Твитер.

Победата во Џорџија носи 16 електорски гласови. Пребројувањето е планирано да трае најдоцна до 18 ноември. Доналд Трамп може конечно да го признае поразот по пребројувањето на гласовите во Џорџија, објави синоќа „Си-Ен-Ен“, повикуваји се на извори од администрацијата на претседателот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот