ТРАМП СЕ ЗАКАНУВА: Ако нема решение за Сирија, санкциите кон Турција ќе бидат погубни

Вашингтон, 16 октомври 2019 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека САД се обидуваат да најдат решение со Турција по нападот во северна Сирија, но доколку разговорите не успеат, санкциите против Анкара ќе бидат погубни.

– Ние сме во одлична позиција. Се надевам дека потпретседателот Мајк Пенс и државниот секретар Мајк Помпео ќе имаат успешни состаноци во Анкара. Доколку тоа не биде случај, санкциите, царините и другите работи што ги правиме и што ќе ги направиме кон Турција ќе бидат погубни за нејзината економија – рече Трамп на заедничката прес-конференција со италијанскиот претседател Серџо Матарела во Вашингтон.

Трамп во последните денови беше критикуван за неговата одлука да ги повлече американските сили од североисточна Сирија, по што започна турската офанзива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот