Трамп пристигна во Њујорк, го сослушуваат зад затворени врати во врска со граѓанска тужба

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп / Фото EPA-EFE/JUSTIN LANE

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска пристигна во Њујорк, каде што треба да биде сослушан од државниот обвинител во врска со граѓанска тужба против него.

Сослушувањето ќе се одржи зад затворени врати, а Трамп ќе се појави пред обвинителката на државата Њујорк Летиција Џејмс во долниот дел на Менхетен. Таа ќе го испрашува за неговите деловни практики.

Во тужбата, Трамп заедно со други лица е обвинет за децениски манипулации во врска со вредноста на имотот, со цел да се добијат поволни заеми и даночни поволности. Почетокот на судењето за овој случај е закажано за 2 октомври.

Трамп се повика на своето право против самоинкриминација согласно Петтиот амандман на американскиот устав повеќе од 400 пати на сослушувањето за случајот во август пред државниот обвинител.

„Конечно, ќе можам да покажам колку е одлична, профитабилна и вредна компанијата што ја изградив“, напиша Трамп утрово на својата платформа „Соушл Трут“, наведувајќи дека е изложен на „прогон“ од државниот обвинител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот