Трамп не попушта: Бајден е принуден да бара информации по спореден пат

Доналд Трамп / Џп Бајден / 29 септември 2020, Прва претседателска дебата во САД / Фото: ЕPA-EFE

Одбивањето на актуелниот американски претседател Доналд Трамп да соработува со новоизбраниот шеф на државата, го принуди Џо Бајден да побара споредни решенија во подготовката за преземање на власта во јануари, кога ќе се соочи со уште поголема опасност за јавното здравје и предизвиците на националната безбедност.

Откако му бил одбиен пристапот до официјален брифинг на разузнавачките служби, кој традиционално се овозможува на новоизбраните претседатели, Бајден вчера одржал виртуелен состанок со разузнавачки, безбедносни и дипломатски експерти. Ниту еден од нив моментно не работи за Владата, поради што останува отворено прашањето дали Бајден е запознат со актуелните информации за опасностите со кои се соочува земјата.

Идната потпретседателка на САД, Камала Харис вчера присуствувала на малку поформален брифинг како членка на Разузнавачкиот одбор на Сенатот, но и покрај тоа добила ограничени информации во врска со заканите кон земјата кои Бајден ќе ги наследи.

Во екот на најлошата пандемија во изминатите 100 години, администрацијата на Доналд Трамп спречува соработка на Бајден со Кризниот штаб, поради што претставници на новоизбраниот претседател планираат да се сретнат со фармацевтските компании во текот на оваа недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот