Фото: Donald Tramp / ZUMAPRESS.com / MEGA / The Mega Agency / Profimedia

Трамп: Имавме одличен муабет со Си Џинпинг за „Тикток“, ќе се сретнеме лице в лице

Иако американскиот претседател Доналд Трамп е оптимист околу разговорот за „Тикток“ со кинескиот претседател Си Џинпинг, соопштението на Кина не спомнува конечен договор.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој и кинескиот претседател Си Џинпинг постигнале напредок околу договорот за „Тикток“ и ветија дека ќе се сретнат лице в лице за нешто повеќе од еден месец во Јужна Кореја, објави Ројтерс.

Двете страни изгледаа како да ги намалуваат тензиите за време на првиот телефонски разговор по три месеци меѓу лидерите на двете суперсили, но не беше веднаш јасно дали повикот донел очекуван цврст договор за судбината на популарната апликација за кратки видеа.

Трамп сепак рече дека лидерите се договориле за разговори на маргините на форумот за економска соработка во Азија и Пацификот (АПЕК), кој започнува на 31 октомври во Ѓеонгју, Јужна Кореја, како и за можната подоцнежна посета на Трамп на Кина.

„Постигнавме напредок во многу важни прашања, вклучително и трговијата, фентанилот, потребата да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина, и одобрувањето на договорот за Тик-Ток. Разговорот беше многу добар, повторно ќе зборуваме по телефон, го ценам одобрувањето за Тик-Ток и двајцата со нетрпение очекуваме да се сретнеме на АПЕК“, напиша Трамп на социјалните мрежи.

Но, во соопштението на Кина не се споменува конечен договор.

„За „Тикток“, Си рече дека позицијата на Кина е јасна: кинеската влада ја почитува волјата на компаниите и ги охрабрува фирмите да водат деловни преговори врз основа на пазарни правила за да се постигне решение во согласност со кинеските закони и регулативи, при што ќе се балансираат интересите“, се наведува во резимето на средбата на Синхуа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот