Трагедија во Италија: 793 мртви за еден ден, вкупно 4825 жртви од коронавирусот

Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Во Италија и натаму продолжува да се зголемува бројот на жртви од коронавирусот. Во последните 24 часа починале дури 793 луѓе, што е убедливо најголема бројка мртви во еден ден. Ова следува ден откако во Италија имаше 627 починати од коронавирусот.

Италијанските медиуми објавија дека само во Ломбардија во еден ден починале 546 луѓе.

Во последните 30 дена, во Италија од КОВИД-19 починале вкупно 4.825 луѓе.

Специјалниот комесар Анџело Борели извести дека има и 6.557 новозаразени, а вкупната бројка досега е 53.578.

Бројката починати е во постојан пораст и во Шпанија. Таму во последните 24 часа починале 324 луѓе, за да се искачи на вкупно 1.326. Во земјата досега се регистрирани 24.926 позитивни тестови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот