Топка сладолед во Белград 130 денари, цените на замрзнатиот десерт скокнаа за 50 отсто!

Сладолед / Фото: Архива / Илустрација

Нема човек (претпоставуваме) што не слушнал за најпознатата слаткарница Пирот, во која топка сладолед чини, верувале или не, 30 динари (15 денари). Ова е, всушност, понова цена, бидејќи до неодамна топката чинеше само 10 динари (5 денари).

И додека Пирот и понатаму останува град во кој сладоледот е најевтин, српската престолнина годинава ги сруши сите рекорди – цената на сладоледот се зголеми за 50 отсто, па топка сладолед во строгиот центар на градот стана вистински луксуз – дури 250 динари (130 денари). Како што расте температурата, расте и желбата за најслаткото летно освежување – сладолед. А оваа сезона, по се изгледа, цената е зголемена и во Белград, па најевтината топка чини околу 180 динари ( 90 денари), додека најскапата е дури 130!

Цените на сладоледите, барем во главниот град, скокнаа и до 50 отсто во однос на минатата сезона. Вака за Нова.рс изјавија граѓани кои викендов уживаа во убавото време во српската престолнина и кои го споделија своето незадоволство од цената на сладоледот на платформата „Х“. Сопственик на слаткарницата Цане од Мирјево за Нова.рс потврдува дека поскапела топка сладолед, вели дека цената е зголемена поради општиот поскапување. „Струја, гориво, гас, храна и комуналии, долга е листата на храна и услуги кои поскапеа годинава. Навистина е непотребно да се прашува зошто поскапе. Едноставно бевме условени. Шеќерот, брашното, млекото, поскапеа апсолутно се, работниците бараат повисоки плати… Немавме избор“, вели овој слаткар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот