ВИДЕО ИНТЕРВЈУ|Томовска: Покрај стручните паралелки СГГУГС „Здравко Цветковски“ има и гимназиско образование

direktorka na sggugs zdravko cvetkovski

Од утре започнува уписот во средните училишта. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во два уписни рока. Првиот е на 20 и 21 јуни, и второ пријавување на 27 и 28 јуни . Сите аплицираат преку порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk, но по објавата на прелиминарните листи учениците се должни документите да ги однесат во училиштето.

Во учебната 2023/2024 година се обезбедени 29.798 слободни места во 937 паралелки, од кои 279 паралелки се предвидени за гимназиското образование и 658 паралелки во средните стручни училишта. За настава на македонски јазик, со Конкурсот се предвидени 20.608 слободни места, за настава на албански јазик 8.301 и 889 места за настава на турски јазик. Во учебната 2023/2024 година во соработка со општините и компаниите во земјава се обезбедени 6.475 слободни места во 259 паралелки во дуалното стручно образование. Атина Томовска, директорката на СГГУГС „Здравко Цветковски“ во интервју за Утрински печат на Слободна ТВ вели дека во нивното училиште за сите оние кои не се снаоѓаат со електронското пријавување може да дојдат во училиштето и со помош на вработените во истото ќе може да се пријават.

– Очекуваме добар упис , посебно во стручното образование, но и во гимназиското образование. Жално, но вистините е дека има се помал број на ученици кои се запишуваат во средно училиште. Во нашето училиште очекуваме 19 паралелки да запишеме. Од нив има предвидено 4 паралелки со 34 деца за гимназиско образование. Стручното образование е во подем. Она што следиме е дека секаде во светот па и кај нас има потреба од стручни лица во градежниот сектор- вели Томовска.

Таа објаснува дека во нивното училиште има паралелки за архитектонски техничар, потоа техничар дизајнер за внатрешно уредување, градежен техничар и геодетски техничар.

– Тоа е во четиригодишното образование. Во училиштето има и тригодишно образование. Монтер за сува градба, кнауф мајстори и поставувач на подни подлоги. За дуалните паралелки морам да кажам дека учениците се стекнуваат со квалитетна практична настава во компании. Овие се солидно подготвени да станат нивни вработени. Тоа е суштината на ова образование- вели Томовска.

Таа вели дека дуалните паралелки кај нив се во стручното образование. Таа вели дека ова образование е стипендирано од страна на МОН, но и од некои компании.

-Со жалење ќе кажам дека децата кога ке завршат полесно им е да одат да работат како келнери, отколку да ја работат професијата која ја завршиле. Дел заминуваат надвор од државата вели Томовска.

Директорката вели дека училиштето има одлична конекција со сите делови од градот. На површина од околу 14.000 м2 училиштето е одвоено од бучавата на булеварот со убаво уреден зелен појас. Училишната зграда располага со сопствено опремени училници, кабинети и работилници, 2 фускултурни сали и надворешен спортски терен .

Наставата се реализира на два наставни јазици – македонски и албански во гимназиско и стручно образование од градежно – геодетската струка.

атем е најстаро техничко училиште од 1945.Располага со 10.000 м2 простор,47 училници,2 спортски сали- вели Томовска.

Таа вели дека имаат солидно опремени кабинети, реновирани простории и преубав зелен простор.

Гледајте го целото интервју на Слободна ТВ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот