„Тоа се случува постојано, само не се фалиме“, изјави Пленковиќ по заканата за убиство

Премиерот на република Хрватска Андреј Пленковиќ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по денешната закана за убиство, тврди дека не се исплашил и дека полицијата „премногу сериозно ги сфатила“ добиените закани.

На новинарско прашање дали се чувствува безбедно, Пленковиќ рекол дека тоа не го исплашило, бидејќи вакви работи речиси секојдневно се случуваат во Хрватска, пишува Дневник.хр.

„Полицијата очигледно малку посериозно го сфати ова, но тоа се случува постојано, само не се фалиме“, рече Пленковиќ.

ВИДЕО | Пленковиќ добил закана за убиство, голем број полицајци пред зградата на хрватската Влада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот