Profimedia
Фото Профимедиа

„Тоа е вистинска комедија“: Шерон Стоун се пошегува на сметка на својот љубовен живот

Првата асоцијација на познатата холивудска актерка за многумина е нејзината легендарна сцена од „Сурови страсти“, филм што го сними во 1992 година и кој всушност ја направи славна, но и благодарение на тој филм се здоби и со статус на секс симбол.

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Во интервју за  магазинот „Closer Weekly“, 64-годишната Шерон Стоун се пошегува на сметка на нејзиниот љубовен живот, опишувајќи го тој дел од нејзиниот живот како „вистинска комедија“.

Инаку, холивудската актерка минатата година беше исфрлена од „Бамбл“, апликација за пронаоѓање партнер, бидејќи никој не верувал дека токму таа, вистинската Шерон Стоун ја користи апликацијата.

Фото: Профимедиа

Шерон која е мајка на три момчиња признава дека со текот на годините станала послободна да им приоѓа на мажите.

profimedia

„Мислам дека секогаш треба да изберете како сакате да стареете. Убедена сум дека мојата судбина е запишана и сега се обидувам да ја сфатам со што поголем интегритет, обидувајќи се да бидам што е можно поотворена “, рече Шерон Стоун и потоа во разговорот се надоврза за титулата на секс симбол која ја носи долги години.

Фото: Јутјуб/Принтскрин

„Тешко е да се прифати. Мерилин Монро сними навистина важни филмови, како „Автобуска станица“, но сите сепак очекуваа дека ќе биде таква цело време … Верувале или не, никогаш не помислив дека сум секси “, вели Стоун.

 

Уште во февруари, Шерон Стоун објави дека е повторно слободна.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот