
Тивок убиец: Осум симптоми на рак на дебелото црево кои можеби ги пропуштате
Ракот на дебелото црево е малигно заболување кај жените и кај мажите. Раните фази на ракот обично се без симптоми.
Препорачано
Неквалитетната исхрана, постојаното седење, недоволното движење се ситуации кои одат рака под рака кога е во прашање ракот на дебелото црево. Станува збор за болест која е излечива, но само ако се открие во рана фаза и ако веднаш се почне со лекување.
Превентивните прегледи помагаат да се намали бројот на случаи на рак на дебело црево ширум светот, но епидемијата на дебелеење претставува огромен ризичк.
Ова се симптоми на рак на дебелото црево коишто не треба да ги игнорирате…
Болки во стомакот
Малигните клетки можат да предизвикаат повреди на ткивото, со тоа предизвикувајќи и грчеви или болка. Пациентите со рак на дебелото црево, многу често подоцна се присетуваат дека некое време ја игнорирале неудобноста во пределот на стомакот. Болката може да биде остра или тапа.
Анемија
Анемијата, односно слабокрвноста може да биде прв симптом, односно знак дека постои проблем со внатрешно крвавање. Најлошо е што лицето може да има внатрешно крвавење и до шест месеци, а освен анемијата, да не покажува никакви други видливи знаци на тоа крвавење.
Во случај жената да има менструален циклус, анемијата не е неопходно индикатор за внатрешно крвавење, а за да се поврза со некоја друга здравствена состојба, како рак на дебелото црево, треба да се направат дополнителни тестирања.
Ако чувствувате некои од знаците за анемија, како необјаснив замор и вртоглавица, веднаш посетете лекар.
Не можете да дојдете до здив
Ова е уште еден знак за слабо внатрешно крвавење. Ако вашето тело не реагира така да визуелно крвавите или повраќате крв, тогаш тоа произведува повеќе плазма, но без производство на железо, односно црвени крвни зрнца, што спречува губење на крвта, но и ја намалува можноста крвта да му обезбеди на телото потребен кислород, па поради тоа потешко доаѓаме до воздух.
Ненадејно слабеење
Слабеењето без диета или голем стрес секогаш е причина да посетите лекар. Иако можеби јадете како и вообичаено, некои болести можат значително да го променат начинот на којшто телото ја користи храната. Кога станува збор за рак на дебелото црево, болеста често го спречува апсорбирањето на хранливите материи, што резултира со слабеење.
Надуеност и грчеви
Ако состојките почнат да се блокираат и застануваат во дебелото црево, може да дојде до надуеност. Затоа се чувствувате надуено и имате грчеви, што не мора да е знак за рак на дебелото црево, но ако тие тегоби се константни, тогаш треба да побарате лекарска помош.
Долготраен запек
Повремениот запек не е нешто за што треба да се крева паника и може да се регулира со исхрана и со одредени вежби, но ако запекот е константен и интензицен, тогаш тоа може да биде еден од знаците за рак на дебелото црево.
Постои веројатно нешто што може да асоцира на одредена опструкција на дебелото црево и ако е константно, треба да направите анализи кај лекар.
Ретка столица
Секогаш фрлете поглед на столицата кога извршувате голема нужда. Не е потребно да се проверува дали има крв, туку во каков облик e. Ако столицата е постојано со тенока форма, а претходно била дебела, тоа може да укажува на ограничувања во дебелото црево предизвикани од полипи. Постојаниот пролив може да укажува на проблем.
Чудна боја на столицата
Крвавањето од ректумот не мора секогаш да биде во црвена боја на крвта. Темната и црна столица се знаци дека во неа има крв. Крвта може да биде предизвикана и од помали проблеми како што е чир, но, исто така, може да биде знак и за постоење на рак на дебелото црево.
Појавата на крв во столицата, не значи секогаш присуство на рак во дебелото црево. Постојат други здравствени состојби кои може да доведат до оваа појава како што е чир, хемороиди, воспаленија, исто така и промена во конзистенцијата на столицата, како што е појава на запек или дијареа, може да биде предизвикана од многу други причини.
Колку често треба да се прават испитувања на дебелото црево зависи од повеќе фактори како што е возраста, семејната историја на болести, како и личната историја на болести.