Тинејџерка во Иран почина откако наводно била нападната од полицијата за морал поради неносење шамија

Жена проаѓа покрај мурал на кој се гледа националното знаме, на улица во Техран, Иран / Ноември 2020 / Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH
Жена проаѓа покрај мурал на кој се гледа националното знаме, на улица во Техран, Иран / Ноември 2020 / Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Тинејџерка која наводно била нападната од иранската полиција за морал затоа што не носела шамија, починала, објавија државните медиуми. 16-годишната Армита Гераванд се здобила со „тешки повреди“ по расправија со таканаречената полиција за морал во станицата Шохада во главниот град Техеран на 1 октомври, според групата за човекови права Хенгав.

Хенгав објави дека Гераванд била извлечена од воз, а инцидентот бил снимен на камера. Нејзиниот случај е спореден со оној на Махса Амини, 22-годишната која почина додека беше во полициски притвор минатата година, што предизвика протести низ целата земја и светот.

Иранските медиуми неодамна објавија дека Гераванд е мртва. Се појавија и фотографии на кои се гледа како 16-годишното девојче лежи во кревет во болницата Фајр. Има извештаи дека на нејзините родители им е забрането да објавуваат какви било нејзини слики на социјалните мрежи по инцидентот или да зборуваат со групите за човекови права за тоа што се случило.

Во видео споделено од државната новинска агенција ИРНА, родителите на девојчето рекле дека на нивната ќерка ѝ паднал крвниот притисок и затоа таа изгубила рамнотежа удирајќи си ја главата. Активистите за човекови права сметаат дека контроверзната изјава е дадена под притисок. Тие побарале да се објават снимките од возот, пишува британски Скај.

Се чини дека видео клипот споделен од државните медиуми прикажува тинејџерка како оди кон возот со две пријателки. По некое време, една од девојките е извлечена од полицајците. Масуд Дорости, шеф на оперативната компанија за метрото во Техеран, рече дека снимката не покажува знаци на конфликт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот