
Тим на АРМ за атомско биолошка и хемиска одбрана собира податоци за воздухот во Визбегово
Скопје се гуши од отровен чад, кој се рашири насекаде поради разгорувањето на пожарите, во што многу помогна и ветрот. Граѓаните се жалат на отежнато дишење, поради што Институтот за јавно здравје објави предупредување за заштита на здравјето на населението од пожар во непосредна близина.
Препорачано
Tим од Четата за атомско биолошка и хемиска одбрана вчера беше ангажиран за собирање податоци за утврдување на квалитетот на воздухот од запалениот отпад во реонот на Визбегово, во Општина Шуто Оризари.
Во пожарот беа зафатени хаварисани возила со плински боци поради што одекнуваа детонации. Полицијата го приведе сопственикот на депонијата, а имаше и инцидент за време на неговото апсење при што беше нападната и новинарска екипа.
Владата вчера прогласи кризна состојба поради разгорувањето на пожарите во повеќе делови од земјата. Веднаш потоа претседателката Гордана Сиљановска Давкова потпиша одлука за вклучување на Армијата во гаснењето на пожарите.
„Во согласност со побарувањата, ангажирани се над 150 припадници на Армијата во три општини. Во Ѓорче Петров ангажирани се над 60 лица, во Крива Паланка ангажирани се околу 30 лица и во село Николиќ, Дојран ангажирани се над 50 лица“ , информира Генералштабот на Армијата.
ЦУК: Пожарот во Визбегово се шири кон куќите, можна евакуација на жителите ако е потребно