Тиктокер уапсен откако влегол во болница и лажно се претставувал како доктор

Фото: Принтскрин / ТикТок

Тиктокер кој се нарекува „Д-р Метју“ беше уапсен, откако влегол во болница во Јоханесбург, Јужна Африка и лажно се претставувал дека е доктор, пишува „Би-би-си“.

Метју Лани собра илјадници следбеници споделувајќи медицински совети и продавајќи лекови преку Интернет. Тој во неделата вечерта се обидел да го избегне обезбедувањето во болницата, маскирајќи се со хируршка маска и стетоскоп.

Потоа се обидел да избега од полицискиот притвор скокајќи од прозорецот од бањата, пред да биде фатен.

Одделот за здравство во провинцијата Гаутенг објави соопштение во кое се вели дека Лани често ја користел болницата во Јоханесбург, каде што бил фатен дека „прикажува погрешна содржина под изговор дека е квалификуван доктор“.

Тој имаше речиси 300.000 следбеници на ТикТок пред да биде затворена неговата сметка. Потоа отвори уште една, која веќе има повеќе од 50.000 следбеници.

Неговото апсење следи откако се јавија сомнежите за неговите квалификации. Инаку, Лани вели дека добил медицинска диплома од Универзитетот во Витватерсранд во Јоханесбург. Од институцијата негираат и велат дека тоа не е така. Одделот за образование вели дека Лани не го добил својот сертификат за завршено училиште.

Се вели дека, наводно, се обидел да ги излаже властите велејќи дека неговото вистинско име е д-р Санеле Зингелва – втора година медицински практикант во провинциската терцијарна болница во Тембиса. Но, Д-р Зингелве отвори кривично дело против г-дин Лани, обвинувајќи го за измама.

Лани е само последното лице кое е уапсено под обвинение дека се претставувал како лекар во Јужна Африка. Според Министерството за здравство, во последните три години имало околу 124 вакви апсења.

Меѓутоа, како што пренесува „Би-би-си“, Националното обвинителство соопштило дека „нема докази“ за да го обвини г-дин Лани.

Во изјавата, портпаролот Финди Мјонондване рече дека не може да го поврзе Лани со прекршоци за  лажно претставување како доктор.

Сепак, ова не значи дека Лани е целосно ослободен од обвиненијата. Мјонондвејн рече дека Обвинителството наредило дополнителни истраги и по добивањето на резултатите ќе одлучи „дали треба да се поведе кривична постапка против осомничениот или не“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот