Тежок период за авио-индустријата: Првиот човек на „Бритиш Ервејз” поднесе оставка

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Шефот на „Бритиш ервејз”, Алекс Круз, поднесе оставка, се наведува во денешното соопштение на компанијата „Интернешнл ерлајнс груп” (ИАГ). Шпанецот Круз од 2016 година се наоѓаше на чело на „Бритиш ервејз”. Негов наследник ќе биде сегашниот извршен директор на ирскиот авиопревозник „Ер Лингус”, Шон Дојл, компанија што, исто така, е дел од групацијата ИАГ, соопшти комапнијата.

– Минуваме низ најтешката криза во нашата индустрија и уверен сум дека овие внатрешни промоции ќе обезбедат ИАГ да биде во добра состојба за да си обезбеди силна позиција, изјави извршниот директор на ИАГ, Луис Галего.

Круз (54), инаку, останува неизвршен претседател на „Бритиш ервејз”.

Авиосообраќајот, што речиси целосно замре во пандемијата, многу бавно закрепнува. Кон крајот на јули, групацијата соопшти дека загубата во вториот квартал изнесува 2,1 милијарда евра, за разлика од 736 милиони евра во истиот период минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот