Тетовските села останаа без стока, нивите запустени оти нема кој да ги работа младите си заминуваат на Запад

Фото: Слободен печат

Мисими Нухи од тетовско Долно Палчиште веќе 4 децении е на печалба во Швајцарија. Но, сликата која ја видел оваа година во неговиот роден крај многу го вознемирила.

Долно Палчиште вели има над 1200 куќи, половина од нив се затворени, цели семејства се заминати во западноевропските земји, а млад човек ретко да видиш во селото.

Фото: Слободен печат

Го затекнавме на пазарот во тетовска Горна чаршија. Земјоделецот вели е доведен на питачки стап, скапи препарати, а нивните продукти вели никој не ги купува, затоа и сите се откажуваа од оваа дејност. Во моето село крава за лек не можеш да најдеш, а нивите се обраснати со трева и трње.

„Цените тука се превисоки со оглед на платите кои ги земаат граѓаните. Само за вештачко ѓубриво да ги дадеш парите нема да ги извадиш. Јас не знам како опстануваат тука луѓето. Ние тука сме се занимавале со земјоделие тогаш беше подобро, народот подобро живееше. Сега овој домат кој се продава во Тетово во Цирих да го купиш е поефтин. Гравот е во Швајцарија поефтин отколку тука во Македонија. Штета е што луѓето живат овде. На земјоделците треба да им се помага, за тие да имаат волја за другата година да засадуваат повеќе површини. Во моето село има над 1000 куќи, сега таму не можеш да најдеш 10 земјоделци, не можеш да најдеш една крава. Млеко сум купил во друго село, младите заминуваат, земјоделието пропаѓа. На крај само старите ќе останат тука, вели Мисими Нухи.

А земјоделците кои продаваат на пазарот во населбата Горна чаршија со низа критики поради заборавената земјоделска дејност од страна на државата. Велат откупни центри нема, а нема ниту млади да ја работаат земјата.

Бајрами Јашар од гостиварска Горна Бањица секоја година ги намалува површините засадени со земјоделски производи. Имам 70 години нема повеќе сила да работам на нива, а нема кој да ми помогне оти во селото останавме само стари луѓе. Но и тоа што го продаваме многу тешко се продава, куповната моќ на населението е многу намалена.

„Сега малку се поскапи производите и муштеријата кога ќе ги слушне цените ги враќа продуктите. Ние не ги диктираме цените туку на кванташки е така. Затоа и луѓето нивите не ги засадуваат. Оваа година и дивите свињи направија голема беља низ нивите, никој не презема ништо. Не ги работаат луѓето нивите оти се скапи и препаратите и семињата, да ги видите нивите, тие се обраснати си трева и трње. За домат за 500 парчиња семе плаќаме 65 евра и плус нема род. За младите дали се заинтересирани не можам да кажам за нив оти тие веќе си заминуваат надвор. Сега низ нивите наши ќе се гради автопат и за тоа се радуваат луѓето, велат ќе ги дадеме нивите ќе земеме пари, да ги прашам?, а што ќе јадат потоа, вели земјоделцот Бајрам Реџепи.

„Овде нема веќе леб, нема млади сите сме стари тука, над 60 години имаме, младите ни заминаа. Имам 200 евра пензија и сега малку тиква засадувам да излезе некој денар. 4 хектари засадував компир, сега веќе не го засадувам, нема кој да го работи. Од компирот една година ќе заработиш добро, десет години нема да заробатиш и нормално ќе се откажеш. И плус помалку промет имаме од порано и помалку купувачи. Треба младите да се занимаваат со земјоделие, но тие заминаа, а ние не можеме старите со оваа дејност да се занимаваме повеќе. Минатата година засадив 25 тони тикви, оваа година имам 5 тони тикви“, додава друг земјоделец од тетовска Мала Речица.

Фото: Слободен печат

За лошата состојба во земјоделието говори и самиот пазар во населбата Горна чаршија каде има се помалку земјоделски производи, а раздвиженоста е намалена. Локацијата важеше за пазар на големо, а последниве неколку години на тезгите се продаваат по неколку гајби од земјоделските производи.

Фото: Слободен печат

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот