грчка граница грција ГП Богородица Евзони
Граничен премин / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Тестирање против ковид-19 на самите граници нема да има

Мерката за приложување на сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид-19, Владата ја усвои со единствена цел земјата да не се препознае како извозник на вирусот. На денешната прес конференција на портпаролите на Владата, беше истакнато дека оваа мерка е придонес за поддршката на масовната имунизација како најсоодветен одговор на спречување на ширење на вирусот ковид-19.

– Мерката е израз и наша определба да направиме се што е потребно нашата земја да се препознае како земја која води активни политики за имунизација и која не треба да се препознава како земја извозник на вирусот. Треба да се има предвид дека постапка за обезбедување доказ за вакцинација или за прележан ковид-19 е вообичаена постапка за проверка на граничните премини при влез во огромен европски и светски земји која граѓаните секако треба да ја испочитуваат и затоа ова мерка во голем процент и се спроведува, изјави портаролот на Владата Мухамет Хоџа.

Од таму одговорија и на прашањето зошто потврдата за прележаност не трае повеќе од 45 дена, барем шест месеци како што е пракса во сите други држави.

– Сите мерки кој ги носи Владата на Република Северна Македонија се по препорака на Комисијата за заразни болести. Овие документи треба да се приложат при излез од нашата држава. Секој граѓанин кој планира да излезе од државата и да патува и во големиот дел на европските држави и светски треба да ги приложи истите документи, сертификат за вакцинација две дози и ПЦР негативен 72 часа, изјави Хоџа и додаде дека нема да има можност за тестирање на самите граници.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот