Тешко повредена малолетничка во сообраќајка меѓу тротинет и автомобил

стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Вчера попладне во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Доситеј Обрадовиќ“ со ул.„Киро Крстевски“ и со ул.„Боте Боцевски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет управуван од малолетничка од Скопје и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц.(39) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, се вели во соопштението на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот