Присила Присли / Фото: Profimedia

Тешки обвинувања против вдовицата на Елвис Присли: Присила криела накит вреден 25 милиони долари од даночната управа

Се појавија нови детали во тужбата против Присила Присли, вдовицата на легендарниот Елвис Присли, која се соочува со сериозни обвинувања дека криела вреден накит и сувенири. Присила е обвинета дека сакала да ја преземе контролата врз богатството на семејството Присли, но и дека наводно предвремено го исклучила апаратот за одржување во живот на својата ќерка Лиса Мари.

Присила беше во брак со Елвис Присли шест години, од венчавката во 1967 година. Нивната врска често била критикувана бидејќи Елвис ја запознал кога таа имала само 14 години, а тој 24. И покрај ова, Присила отсекогаш тврдела дека тие немале интимни односи сè додека таа не наполнила 21 година.

Обвинувања од поранешни партнери

Тужбата ја поднеле нејзините поранешни деловни партнери, Брижит Крусе и Кевин Фиалко, кои бараат отштета од најмалку 50 милиони долари преку Вишиот суд во Лос Анџелес. Во тужбата се тврди дека Присила наводно сакала да ја преземе контролата врз фондацијата на нејзината ќерка Лиса Мари и познатиот имот Грејсленд. Крусе и Фиалко, кои ја водат компанијата „Присила Присли партнерс“, тврдат дека 80-годишната Присила го прекршила својот договор и извршила измама. Тие наведуваат дека таа била свесна дека Лиса Мари е единствениот наследник на имотот на Елвис и дека намерно сакала да ја отстрани од таа позиција.

Едно од најсериозните обвинувања е дека Присила „ги исклучила машините во рок од неколку часа откако Лиса била примена“ во болницата откако нејзината ќерка доживеала срцев удар во јануари 2023 година во својот дом во Калифорнија.

Криење на имотот од даночната управа

Новите детали во тужбата тврдат дека Присила криела колекција накит вредна повеќе од 25 милиони долари од американската даночна управа (ИРС). Во документите до кои дошол магазинот „Пипл“ наведуваат дека во формулар поднесен на 4 мај 2023 година, таа лажно пријавила дека поседува накит во вредност од само 6.000 долари, сè во обид да ги намали своите даночни обврски. Фиалко и Крусе тврдат дека на нејзино барање, тие се обиделе да финализираат спогодба што би резултирала со „исплата од повеќемилионска исплата што ѝ била потребна на Присила, како и повеќемилионски исплати на другите членови на семејството“.

Според извештаите, нејзината скапа колекција накит била складирана на тајна локација со која управува Енџи Марчезе, раководителка на архивата на имотот „Грејсленд“. Поранешните партнери додаваат дека Присила „оркестрирала нивно итно отпуштање“ откако дознала дека тие имале намера да ја информираат даночната управа за реалната вредност на колекцијата.

Присила Присли ги негира обвинувањата

Адвокатот на Присила, Марти Сингер, остро ги отфрлил сите обвинувања.

„Тврдењата на Брижит Крусе и Кевин Фиалко се апсурдни и целосно неосновани“, рекол тој. „Ова лажно тврдење не е ништо повеќе од тажен и злонамерен обид да се оцрни угледот на 80-годишна жена“.

Сингер додал дека тужбата не е поврзана со контраобвиненијата против Крусе и Фиалко, тврдејќи дека тие сносат „значителна одговорност… за проневера на значителни средства од Присила Пресли и злоупотреба на стари лица“.

Шокантни обвинувања против Присила Присли: Ја исклучила ќерка си од апарати за одржување во живот поради парите?

Присила Присли: „Елвис ќе полудеше ако дознаеше кој ми е во креветот. Среќа е што никогаш не дозна“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот