Тешка сообраќајка кај карбинското село Крупиште, четворица повредени

Македонска полиција / Фото: МИА

Четири лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа, која се случи утринава во 6:50 часот на регионалниот пат Штип-Кочани во близина на селото Крупиште. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА информира дека повредените се хоспитализирани во болницата, од кои двајца се со тешки телесни повреди, а двајца од повредените се пуштени на домашно лекување.

– Двајцата тешко повредени пациенти се уште се на снимање и иследување. Прегледани се од ортопед и хирург. Состојбата на пациентите се следи, вели Шуманска.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека до несреќата дошло при судир на две патнички моторни возила, но како се случила повеќе информации во текот на денот. Во тек е увид на местотото на несреќата од страна на истражните органи.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот