Фото: Crvena Zvezda FK

Терзиќ: Натпреварот против Вардар е најмалку што можевме да го направиме за браќата Македонци

Црвена Звезда веќе го потврди пријателскиот натпревар против Вардар кој ќе се одржи на 16 април и кој ќе има хуманитарен карактер. Сите средства собрани од натпреварот ќе бидат донирани на семејствата на настраданите во пожарот во Кочами.

Терзиќ истакна дека натпреварот го договориле со помош на поранешните фудбалери на „црвено-белите“, Илија Најдоски и Дарко Панчев.

„Сите во Црвена Звезда длабоко ги потресе трагедијата во Кочани. Веднаш стапивме во контакт со нашите легенди, Дарко Панчев и Илија Најдоски и со нивна помош разговаравме со раководството на Вардар. Се договоривме на 16 април да гостуваме во Скопје и да одиграме хуманитарен натпревар. Ситеп приходи од натпреварот ќе одат за семејствата на настраданите во страшната несреќа. Тоа е најмалку што Црвена Звезда во овој тежок момент може да ја направи за својата братска Македонија“, изјави Терзиќ.

Стојковиќ: Незапамтена трагедија во Кочани, ќе предложам да се игра натпревар за поддршка и со хуманитарен карактер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!