ВИДЕО: Тензично во Чашка поради новата албанска паралелка: Директорката успеа да влезе на настава со заштита од 15 полицајци

Фото: Скриншот

Гневна толпа на родители на децата oд училиштето „Тодор Јанев“ кои веќе трета недела ја бојкотираат наставата поради одлуката на Министерството за образование да се отвори албанска паралелка, и се нафрлија на директорката Николова, а полицијата мораше да интервенира и спречи поголем инцидент во моментот кога таа доаѓаше во училишниот двор.

„Дојди дојди, директорке, како не ти е срам , ѓубре едно“, „Удрете ја, турнете ја, оваа го направи ова“, „Уаа предавничке“, извикуваа родителите во Чашка кои поради одлуката на министерот Јетон Шаќири три недели со жив штит го чуваат влезот на училиштето.


Родителите на учениците не дозволуваат противзаконско и вонстатутарно отворање на албанска паралелка која ја одобри МОН,  а ја прифати директорката Николова.

Неколку денови полиција од Велес и Чашка е тампон зона помеѓу очајните родители и директорката на Тодор Јанев која безуспешно се обидува да влезе во школото.

Родителите ги пренесоа заклучоците од состанокот со министерот Шаќири и револтот се зголеми затоа што тој не се согласува со нивниот предлог оние четири деца за кои се отвори паралелката, да учат на својот мајчин јазик во друго училиште во село Сливник кое со реонизација припаѓа на општина Велес, не на Чашка.

Училиштето, според статутот е само за настава на македонски јазик и во населено место со Македонци и отворањето на ваква паралелка, според родителите е насилно и незаконски.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот