Тендерот за дијабетичарите е последен тендер што ќе доцни, ветува министерот Меџити

Фатмир Меџити, министер за здравство/Фото: Слободен печат

Министерот за здравство Фатмир Меџити тврди дека глукомерите се квалитетни и уверува дека апаратчињата се стандардизирани и точно ги покажуваат шеќерните единици во крвта. Се согласува дека начинот на пакување не бил соодветен и веќе сугерирале кај компанијата во иднина да ги пакува соодветно со упатство за употреба. Министерот за здравство денеска ветуваше дека додека е тој министер нема да дозволи да доцни тендер за лекови.

„Додека сум министер, отсега натаму нема да се случи да доцни тендерирање или јавни набавки за лекови, освен во случај ако нема некоја компонента или материја“, рече министерот за здравство, Фатмир Меџити.

Министерот вели во следниот период ќе се бара системско решение за да не се повторуваат проблемите со кои постојано се соочуваат дијабетичарите. Едно од најдобрите решенија за кои се размислува е воведување на референтни цени за инсулин.

Следната недела се очекува да пристигнат уште 17 илјади глукомери кои ќе им бидат поделени на дијабетичарите.

„Ние се видовме со Здружението на дијабетичари и тие знаат дека ние сега ги исправаме грешките на претходното раководство. Жалам што доцнеа тогаш јавните набавки за оваа голема група на пациенти. Доцнеа околу 4/5 месеци. Не знам зошто, но тоа што јас го потврдив во неколку наврати и ќе повторам и потврдам, нема веќе јавните набавки во здравството да доцнат. Имаме најава за некои компоненти, за некои лекови и антибиотици, кои на светско ниво се дефицитарни, но ние ги преземаме сите мерки за вакво нешто да не ни се случи“-рече министерот за здравство.

Бесплатни прегледи за граѓаните денеска беа направени од ИЈЗ во градскиот парк по повод ден на срцето. Медицинските лица бесплатно им мереа ниво на шеќер во крвта, холестерол и крвен притисок.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот