Тема на петтата „Поетска епизода“ на „Култура Бета“ е поетиката на питорескното

Во кафе-книжарницата „Буква“, на 22 април, со почеток во 21 часот, ќе се одржи петтото издание на поетската вечер „Поетска епизода“ во организација на младинското неформално здружение за култура „Култура Бета“, а со поддршка на „Јуроп хаус“.

Во оваа епизода гостуваат поетите и поетесите Ана Димишковска, Владимир Мартиновски, Ѓоко Здравески, Дејан Трајкоски и Марија Хана Трајкоска. Вечерта ќе ја модерираат младите поети Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова.

Петтата епизода е посветена на поетиката на питорескното што како тема ги опфаќа поезијата посветена на ликовни дела, поезија за филмови, визуелната поезија, поезија за бои и сето она што може да влезе помеѓу.

Епизодата е поддржана од „Јуроп хаус“, која го препозна значењето на овие поетски вечери како едно од местата за промоција на младинска, современа, македонска поезија.

Младинското здружение за креативно и културно изразување „Култура Бета“ е неформална организација за сите млади кои имаат идеи за развој на културата надвор од културните институции. Воочувајќи ја малата развиеност на младинската слободна и неформална култура, неколкумина млади одлучија да се организираат во отворено друштво, чија цел е остварување на најразлични културни случувања меѓу младите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот