Фото/NASA

Телескопот „Хабл“ открива што се крие зад чудната вселенска спирала

Arp 184 или NGC 1961 е необична спирална галаксија неодамна фотографирана од вселенскиот телескоп „Хабл“.

Една од 338-те формации што астрономот Халтон Арп ги вклучил во својот каталог „Атлас на чудни галаксии“ во 1966 година, Arp 184 или NGC 1961, е искривена галаксија која си го нашла патот во каталогот поради нејзиниот еден широк, ѕвезден спирален крак што се чини дека се протега кон Земјата.

Далечната страна на галаксијата (во однос на нас) има само неколку облаци од гас и ѕвезди, наместо сличен спектакуларен спирален крак.

Arp 184 се наоѓа на околу 190 милиони светлосни години од Земјата, во соѕвездието Камелопардалис.

Сликата од „Хабл“ е производ на три програми за набљудување „Снепшот“, кратки набљудувања распоредени помеѓу подолги истражувања од страна на орбиталната опсерваторија.

Една од трите програми ги испита галаксиите наведени во претходно споменатиот Атлас, како и во Catalogue of Southern Peculiar Galaxies and Associations, сличен каталог составен од Арп и Бери Мадор.

Останатите две програми на „Снепшот“ ги проучувале последиците од минливи астрономски настани како што се четирите познати супернови во текот на изминатите три децении.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!