Фото: Pixnio

„Тејст атлас“ ги објави 30-те најдобри македонски јадења: Што да јадете во Македонија?

Реномираниот сајт за храна и гурмани „Тејст атлас“ (Taste Atlas), објави листа од 30 најдобри македонски јадења. Рангирањето на храната на „Тејст атлас“ се заснова на оценките на публиката на оваа реномирана веб-страница, со низа механизми кои препознаваат вистински корисници.

На прво место го рангирале надалеку познатиот македонски специјалитет – зелник.

Зелник е традиционална македонска пита која може да се наполни со различни состојки како што се сирење, спанаќ, јајца, месо, праз или зелка. За најдобар резултат, зелникот треба да се премачка со путер и масло пред да се пече, за питата да добие златно-кафеава боја.

Зелникот е најдобар кога се служи топол, а се препорачува да се комбинира со чаша јогурт, на овој начин го опиша „Тејст атлас“.

На второ место се најде нејзиното височество – сармата, додека на трето место е надалеку прочуениот македонски деликатес – тавче гравче.

Вака изгледа списокот на 30 најдобри македонски јадења според „Тејст атлас“:
1. зелник
2. сарма
3. тавче гравче
4. мазник
5. полнети пиперки
6. таратур
7. џимиринки
8. качамак
9. чомлек
10. компир манџа
11. светиниколска пастрмајлија
12. чорба од коприва
13. крушевско грне
14. јогуртли тава
15. шарпланински овчи кашкавал
16. селско месо
17. турлитава
18. мекици
19. крушевски локум
20. козињак
21. ѓомлезе
22. слатко од диви смокви
23. ширден
24. макало
25. симит погача
26. охридска торта
27. кукурек
28. ајдучка плескавица
29. циронка
30. лапа

Целта на рангирањето на „Тејст атлас“ е да промовира одлична локална храна, да влее гордост на традиционалните јадења и да разбуди љубопитност за јадењата што не сте ги пробале.

ФОТО | Најреномираниот сајт за храна „Тејст атлас“: Македонскиот ајвар е најдобро мезе во светот за 2023

ФОТО | Најпознатиот сајт за храна го рангираше македонскиот зелник на 34. место од топ 100 појадоци во светот

Најпознатиот сајт за храна: Македонската кујна е на 61. место од 100 најдобри во светот

ВИДЕО | Реномираниот „Тејст атлас“ одлучи: Македонскиот зелник меѓу 10-те најдобри печива на светот!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот