Тејлор Свифт / Фото: Shanna Madison / Zuma Press / Profimedia

Тејлор Свифт ги награди вработените со 197 милиони долари! Турнејата ѝ донесе вртоглава заработка

Тејлор Свифт ја заврши својата, од повеќе аспекти рекордна турнеја Ерас со концертот во Ванкувер, Канада, зацврстувајќи го нејзиниот статус на меѓународна музичка мегаѕвезда. А, колку ги цени сите што работеа на нејзината турнеја покажува и наводната сума со која ги наградила.

Имено, според магазинот „Пипл“, пејачката во последните две години поделила вкупно 197 милиони долари бонуси на вработените на турнејата „Ерас“. Тука спаѓаат возачи на камиони, угостители, техничари за инструменти, продукциски персонал и танчери, а изгледа дека таа не ги изоставила и фризерите, шминкерите, стилистите и физиотерапевтите.

Во август 2023 година (пет месеци по почетокот на турнејата), кога Тејлор го завршуваше првиот северноамерикански дел од турнејата, таа подели 55 милиони долари во бонуси.

За потсетување, турнејата започна во март 2023 година во градот Глендејл, Аризона. Таа го заврши на 8 декември со настап во Ванкувер, Канада, затворајќи го поглавјето кое траеше 21 месец.

Не е откриена висината на приходите од продажбата на билети за концерти, но специјализираниот магазин „Полстар“ ја проценува на повеќе од две милијарди долари, што е многу повеќе од 939 милиони долари што ги заработил Елтон Џон како дел од неговата последна турнеја, по пет години и 328 настапи.

Тејлор Свифт ја заврши својата рекордна турнеја, одржа 149 концерти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот