Технолошкиот гигант „Шаоми“ развил дури 29 илјади патенти низ светот

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

По 12 години развој, благодарение на стратегијата „Смартфон× AлоT“, Шаоми се прошири на повеќе од 100 пазари ширум светот, а портфолиото на компанијата вклучува паметни телефони, паметни уреди вклучувајќи телевизори, домашни апарати, часовници и многу други.

Преку различни средства како што се стекнување, вкрстено лиценцирање и пренос на патенти, Шаоми има акумулирано значајни патентни достигнувања. На крајот на септември 2022 година, оваа компанија достигна бројка од дури 29.000 патенти ширум светот, покривајќи повеќе од 60 земји и региони, објави порталот Каматица.

Исто така, од 30 септември оваа година, кинескиот гигант има над 7.700 патенти поврзани со МИУИ, како и повеќе од 700 патенти поврзани со технологијата за полнење на паметни телефони.

Ванг Ксијанг, партнер и претседател на корпорацијата Шаоми, за прв пат ги претстави ИП вредностите на Групацијата. Тој изјави дека Шаоми е многу посветен на обезбедување на најновите и најдобри технолошки иновации на своите корисници, почитувајќи ги правата на интелектуална сопственост и нудејќи различни решенија за решавање на споровите за ИС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот