Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Техно-фестивал се претворил во жариште и покрај тоа што посетителите морале да прикажат дека се вакцинирани или негативен тест
Многубројните љубители на техно и хаус музиката се собрале на фестивалот Веркнипт во Утрехт од 3 до 5 јули, но долгоочекуваниот музички настан се претворил во ново жариште на коронавирусот. Посетителите на дводневниот фестивал за да можат да влезат на фестивалот Веркнипт, морале да покажат сертификат за вакцинација, за прележан ковид или негативен тест, пишува „Јутарњи.хр“.
Десетина дена подоцна пристигнуваат вестите дека и покрај мерките на претпазливост, речиси илјада посетители се заразиле со коронавирусот, со тенденција бројот да се зголеми. Станува збор, како што пренесуваат холандските медиуми, за околу пет отсто од вкупниот број посетители.
Препорачано
Портпаролката на холандскиот здравствен институт, Лидија ван дер Мер, предупредила дека тој број би може да порасне во наредните денови.
– Сепак, веруваме дека сега сме на врвот на бранот – рекла Ван дер Мер.
Според нејзините зборови, организаторите се придржувале кон епидемиолошките мерки. Но, и покрај сè, првиот ден се заразиле 448 посетители, а вториот ден биле регистрирани 516 нови заразени. Делта варијантата на коронавирусот брзо се шири во Холандија, поради што властите повторно најавија затворање на дискотеките и на ноќните клубови и ги
откажаа фестивалите.
откажаа фестивалите.
Седумдневната инциденца минатата недела била околу 270 новозаразени на 100.000 жители, додека во Германија во моментов има само 6,5. Драматичниот пораст на заразите ја поттикна Владата во петокот да се откаже од олеснување на
некои мерки. Дискотеките и ноќните клубови повторно се затвораат, а фестивалите повеќе нема да се одржуваат бидејќи се чини дека биле главните извори на зараза во последните две недели.
некои мерки. Дискотеките и ноќните клубови повторно се затвораат, а фестивалите повеќе нема да се одржуваат бидејќи се чини дека биле главните извори на зараза во последните две недели.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Видео на денот
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
28мин
-
48мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5