
Тебас: Ал Келаифи е опасен како и Суперлигата, ова што го прави е навреда за фудбалот
Првиот човек на шпанската „Ла Лига“, Хавиер Тебас имаше што да каже за ситуацијата со Килијан Мбапе кој е моментно главна тема во светскиот фудбал.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Моментно еден од најдобрите играчи на денешницата, Французинот Мбапе во изминатиот период доста се најавуваше дека од следната сезона ќе настапува за Реал Мадрид.
Како што и самиот најави, наскоро треба официјално да донесе одлука дали ќе остане во ПСЖ или не.
Најновите информации велат дека Мбапе ќе остане во Париз, а напаѓачот лично оваа одлука му ја соопштил на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Минатата недела Мбапе и Реал наводно ги договориле сите детали од условите на договорот, кои вклучуваат 130 милиони евра како бонус за потпис.
LaLiga's president is NOT happy with PSG ? pic.twitter.com/42NPvIf1HQ
— ESPN FC (@ESPNFC) May 21, 2022
Но, шпанската „Марка“ напоменува дека фудбалерот постојано бил под притисок на владите на Катар и Франција и дека конечно решил да остане во ПСЖ, а покрај тоа што ќе му овозможат нови подобри услови, тој ќе има клучна улога во изборот на нов тренер и спортски директор.
– Она што го прави ПСЖ со обновувањето на договорот и оваа сума пари…Откако минатата сезона потроши 700 милиони, а потоа плати за идната од 600 милиони евра, тоа е навреда за фудбалот. Ал Келаифи е опасен како и Суперлигата – вели Тебас.
Ал-Келаифи му нуди на Мбапе да биде шеф на проектот на ПСЖ само за да остане во Париз