ТАВ: Фејсбук страница шири лажни информации за извесна продажба на изгубен багаж

Меѓународен аеродром Скопје (фото: ТАВ Македонија)

На фејсбук денеска се ширела лажна информација дека на аеродромот во Скопје се продава изгубен багаж. Вечерва од ТАВ Македонија ја демантираа оваа информација.

“До нас дојде информација дека извесна Фејсбук-страница која се претставува како да е скопскиот аеродром шири невистинити информации во јавноста за извесна продажба на изгубен багаж се вели во објавата од ТАВ Македонија.

Од команијата известува дека страницата со име: “Alexander the Great Airport” лажно се претставува, шири лажни информации за наводна продажба на изгубен багаж и со овие невистини нанесува штета на угледот на ТАВ Македонија и на Меѓународниот Аеродром Скопје.

„Поради ова, ТАВ Македонија ќе ги преземе сите правни мерки со цел да го заштити својот углед. Ние сме одговорна компанија која се грижи за своите клиенти – авиокомпаниите и патниците. Во аеродромскиот бизнис никогаш не се тргува со изгубениот багаж, туку тој им се враќа на сопствениците по регуларната постапка за изгубен багаж“, се наведува во соопштението.

Подвлекуваат дека единствената Фејсбук-страница на Меѓународниот Аеродром Скопје, управувана од ТАВ Македонија, е оваа страница: “Skopje International Airport-SKP”, како и страниците со истото име на Инстаграм и Твитер (X). Сите други страници на социјалните мрежи кои што можеби ќе ги сретнете лажно се претставуваат и немаат никаква врска со Меѓународниот Аеродром Скопје и нашата дејност.”

фото: ФБ, ТАВ, аеродром Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот