Како МВР и Јанкуловска му монтирале случај и пресуда на обвинителот Тасевски?

Стефче Тасевски, поранешен Јавен обвинител во Битола, денеска, во својство на оштетен од масовното и незаконско прислушкување кое било спроведено од згнасната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК) пред обвинетите во „Таргет-Тврдина“ и пред јавноста ја раскажа голготата која тој преживеал, а била резултат од тајното прислушкување.

Нагласи дека бил прислушкуван незаконски, уапсен и осуден на четири години затвор бидејќи додека ја извршувал функцијата битолски обвинител бил гласен критичар на Советот на јавни обвинители, а јавно ги критикувал МВР, Гордана Јанкулоска тогашна министерка на полиција и републичкиот Јавен обвинител.

– Од СЈО бев известен дека сум мета на незаконското прислушување во периодот од 2008 до 2015 година, рече сведокот во судница. Јас се чувствувам за оштетен во оваа постапка. Некој си земал за право врз база на незаконско прислушкување да поведат постапка против мене затоа што бев отворен критичар. Тие ми монтираа случај, ме уапсија и ме осудија – изјави сведокот Тасевски, со поглед вперен кон Гордана Јанкулоска, една од неколкумината обвинети во случајот „Таргет-Тврдина“.

– Гордана Јанкулоска во тоа време си замаше за право да издава наредби на Јавни обвинители кој да оди во притвор – истакна Тасевски.

Тој пред судот објасни како и незаконски во одреден временски период против него биле применувани и Посебни истражни мерки. Објасни дека во жалбената постапка, со одлука на Врховниот суд на Македонија го ослободил од сите обвинувања.

На заминување од судница, го замоли судскиот совет во случајот „Таргет-Тврдина“ да донесе правична пресуда за обвинетите.

Токму во „Таргет-Тврдина“ обвинети се поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, неговиот шеф на кабинет Тони Јакимовски, ексначалникот на Петтата управа Горан Грујевски, ексразузнавачот Никола Бошковски и уште неколку лица вработени во УБК.

Обвинета е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Според обвинението преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година, незаконски биле следени 4.286 телефонски броја за кои воопшто не биле издадени судски наредби. На 1.541 број, пак, комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби. Или, вкупно биле прислушувани 5.827 телефонски броја. Прислушувањето, според обвинителството, опфатило над 20.000 граѓани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот