Таравари најави тело на западни експерти кои ќе ја контролираат работата на судиите и обвинителите

Арбен Таравари/Фото: Слободен печат

Претседателскиот кандидат од коалицијата „ВРЕДИ“ Арбен Таравари доколку ја добие довербата на граѓаните ќе преземе конкретни чекори за решавање на како што рече политички монтираните случаи и враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем. Тој најави тело на западни експерти кои ќе ја контролираат работата на домашните судии и обвинители.

„Со коалицијата ВРЕДИ, како врвен приоритет ќе имаме формирање на независно, ефективно и правично судство, каде никој нема да биде над законот и никој нема да биде потиснат поради националната припадност. ВРЕДИ се обврзува за создавање на привремено тело на западни експерти, главно од европски земји, кои ќе бидат интегрирани во обвинителските и судските совети на Северна Македонија со шестгодишен мандат. Ова тело ќе ја следи работата на домашните судии и обвинители. Но и самите ќе придонесат како судии и обвинители. Ќе го истуркаме законот за ветинг на судии и обвинители и целосно ќе го реформираме системот за избор, унапредување, дисциплинирање и разрешување на судии и јавни обвинители. По народниот плебисцит од 24 април и 8 мај, во нашиот правосуден систем нема да има место за корумпирани судии и обвинители со југословенски менталитет. ВРЕДИ ќе направи европеизација на правосудниот систем, како неопходен услов за запирање на епидемијата на корупција и селективна правда“, рече Таравари.

Таравари како што ги нарече политичките монтирани случаи како Монструм , Сопот, Бродец, Алфа, Диво Насеље ги претворил Абанците во парче месо.

„За случајот Монструм фабрикувано од параполитичките структури, петмина невини Албанци се осудени на доживотен затвор или максимална казна. Од страната на власта, оваа годишнина беше третирана како и сите други: со молчењето што ја карактеризира вината. Монструм, Сопот, Бродец, Алфа, Диво Насеље и други, сите се имиња кои не потсетуваат на отворената рана во нашето општество, онаа на селективна правда која ги угнетува Албанците.Селективната правда во политички мотивираните случаи, но и се поголемата неказнивост по измената на Кривичниот законик, не доведоа до ситуација во која само 2% од граѓаните веруваат во правдата. Јас како претседател на Републиката ќе преземам конкретни чекори за решавање на политички монтираните случаи и за враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем“, рече Таравари.

Пред медиумите се обрати и Сабри Азири, член на семејството на осудените за случајот Монструм Хаки Азири и Фејзи Азири.

„На оваа дванаесетта годишнина, во медиумите и на социјалните мрежи на големо кружи едно старо видео каде кандидатот на Фронтот на монтираните случаи Бујар Османи ги откриваше ставовите на ДУИ за случајот Монструм. Бујар Османи, во својство на портпарол на ДУИ, пред камерите и без трошка срам, без воопшто да поцрвене, рече, цитирам: „Ние врз основа на докази дозволивме таква акција. На Албанците им гарантираме дека нема да дозволиме такво монтирање“. Во друг случај, Бујар Османи за мојот роднина Хаки Хазири рече дека, цитирам: „Нашите информации велат дека тој не е во ниту една државна институција. Тој контактира со своето семејство и по своја волја исчезнува“. Ова беше скандалозна изјава, бидејќи Хаки Хазири го држеле органи на тајните служби во тајни институции и врз него вршеле притисок да се согласи да стане соработник и сведок во случајот Монструм. А она што следеше подоцна е поглавје само по себе, кое останува неизлечива рана и до ден денес.За Монструм и за сите политички монтирани случаи, ДУИ ќе одговара“, рече Сабри Азири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот