Тамара си стои на зборот: Го истетовира делот од химната што не го испеа

Пејачката Тамара Тодевска (35) по нејзиното гостување во емисијата „Бекстејџ“ го исполни ветувањето. Денес на својот Инстаграм профил, Тодевска објави фотографија од нејзината нова тетоважа која вчера ја вети пред македонската јавност.

Покрај многуте теми на разговор, пејачката во вчерашното интервју прозборе и за скандалот и грешката која ја направи при нејзината изведба на македонската химна. Таа многупати претходно се извини за грешката што ја оцрни за цел живот.

Instagram

Нели се тетовираат работи кои што ти го одбележале животот или ти значат нешто или ете те потсеќаат на некои убави или неубави работи, ете јас ќе ја истетовирам химната и тоа баш онаа строфа што ја заборавив“, изјави Тамара.

Instagram

Ветено, сторено“, напиша под нејзината објава.

Таа покажа и докажа дека секогаш стои на своите зборови. Тамара навистина ги истетовира стиховите што ги заборави од химната!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот