фото: Cátia Luís/SL Benfica

Талески и Бенфика без пласман во четвртфиналето на Европската лига

Во реванш натпреварот од плеј-офот во Европската лига Бенфика загуби на гостувањето кај ГОГ Хандболд со 34:31.

Потсетување дека во првиот меч Бенфика на домашен терен славеше со 33:31 и така за еден гол данскиот претставник обезбеди пласман во четвртфиналето.

Во редовите на португалската екипа македонскиот интернационалец Филип Талески не се запиша во листата на стрелците.

Прв стрелец во победничката екипа беше Грондал со 10 голови, следен од Вилхелмсен со пет. На спротивната страна Григорас реализираше седум голови.

Во четвртфиналето ГОГ Хандбол ќе игра против Бидасоа Ирун од Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот