Го прегазил на Партизанска и побегнал, тешко е повреден 21-годишен скопјанец

21-годишен скопјанец е тешко повреден откако на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во него удрил автомобил. Возачот кој ја предизвикал несреќата избегал од местото на настанот. Момчето е пренесено во Комплескост клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираше МВР.