НБРМ објави едукативно видео за современи начини на плаќање

Народната банка објави едукативно видео за современите начини на плаќање. Како што соопшти Народната банка на Република Северна Македонија новото видео е од серијалот едукативни анимирани видеа „Со Народната банка во светот на финансиите”, што се изработува со поддршка од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ).