• сообраќајка

Тешка сообраќајка во центарот на Скопје, повреден е мотоциклист

Попладнево се случи сообраќајна несреќа во центарот на Скопје, на булеварот „11 октомври“. Според информациите од очевидци кои ги објави порталот „Локално“, дошло до судир помеѓу мотоцикл и автомобил „Пежо“ во близина на седиштето на Управата за јавни приходи. Полицијата врши увид на местото на несреќата. Повеќе информации се најавуваат за подоцна.