Сообраќајка кај МАНУ, се преврте автомобил

Превртен автомобил кај МАНУ/Фото: Независен.мк

Утрово, се случи тешка сообраќајна несреќа на булеварот „Крсте Мисирков“, кај МАНУ, кога автомобил се преврте на покрив, објави Независен.

Сообраќајката се случила во 02:55 часот по полноќ на булеварот Крсте Мисирков, при што автомобил од марката „Пасат“ со скопски регистарски таблички изгубил контрола над своето возило и се превртел.

Возачот Љ.Ч (45) за среќа поминал без повреди, а причинета е само материјална штета врз возилото.

Возилото часови подоцна остана превртено на булеварот, но не го блокира сообраќајот туку е оградено со заштитни конуси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот