• собраниски седници

Седници на Комисијата за европски прашања и на Законодавно-правната комисија

Во Собранието на Северна Македонија денеска седници треба да одржат Комисијата за европски прашања и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за европски прашања се Предлог-законот за вештачење и Предлог-измените на Законот за заштита на населението од заразни болести. Законодавно-правната комисија треба да расправа за Предлог-буџетот за 2023 година.