• самозадоволувал

Маж се самозадоволувал пред сосетката и нејзиното малолетно дете

Триесет и деветгодишен жител на кавадаречко село се самозадоволувал пред неговата сосетка и нејзиното дете. ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против А.З.(39) поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo „задоволување полови страсти пред друг“. „На 02.12.2023 во селото, пријавениот се самозадоволувал пред негова сосетка и нејзиното малолетно дете“ , соопшти МВР.