• регионален пат

Кумановец со возилото излетал од пат и загинал

Ноќеска околу 2.20 часот во полиција е пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, на крстосницата од населбите „Ајдучка чешма“ и „Перо Чичо“ Т.Т. (45) од Куманово, управувајќи „голф“ со кумановски таблилки, од засега непознати причини изгубил контрола врз возилото и излетал од патот. Во незгодата возачот починал на местото на настанот.