• Ракети

САД и продава 400 крстосувачки ракети на Јапонија

Соединетите Американски Држави одобрија продажба на 400 крстосувачки ракети Томахавк на Јапонија, објавија странските агенции, повикувајќи се на Пентагон. Ракетите и соодветната опрема ќе бидат продадени за 2,35 милијарди долари. Договорот со Токио предвидува трансфер на 14 системи за контрола на ракетите, како и обука на персоналот, обезбедување резервни делови и одржување.